Published: Friday, May 8, 2015 11:07
Денеска попладне во 18 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип и пред споменикот на Кирил и Методиј на кејот во Охрид, како и пред полициската станица во Кавадарци ќе се одржат протести против полицската бруталност.
„По обелоденувањето на снимките кои го потврдуваат скривањето на убиството на младиот Мартин, и насилството на полицијата на протестите во Скопје, наша должност е да застанеме едни до други гордо и храбро!“, повикуваат организаторите.
Штип им се приклучува на Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Куманово, Охрид и Свети Николе, заедно и солидарно против полициската бруталност и за подобра иднина за сите.




