Американскиот претседател Барак Обама изјави дека предлогот на Русија според кој сириската влада треба да го предаде сето свое хемиско оружје на меѓународна контрола е „потенцијално позитивен развој“, но дека сепак тој се сомнева дали режимот ќе изврши примопредавање.
Обама веќе разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за идејата. Сепак, дискусијата за можното предавање на сириското хемиско оружје, лидерот на мнозинството во Сенатот, Хари Рид го одложи планираното гласање за одобрување на мерката, кое беше закажано за в среда.
Во Вашингтон вчера се одржа и и првиот поголем протест против евентуланиот напад на Сирија, на кој неколку стотици Сиријци, поддржувачи на сирискиот претседател Башар ел Асад, маршираа меѓу Белата куќа и Конгресот носејќи негови слики.
Помали протести против војната се организираат во повеќе американски градови, каде групи сириски демонстранти добиваат поддршка и од Американци кои се против војната.
Американските власти тврдат дека имаат апсолутно цврсти докази дека армиски единици под контрола на Асад намерно ги нападнале цивилите во дел од Дамаск под контрола на бунтовниците.
Протестите продолжуваат и денеска со голем собир на републиканската група „чаенка“ пред Конгресот, планиран како акција против здравствените реформи на Обама, но предводен од крилото републикански сенатори кои се противеа на нападот врз Сирија.