По апсењето на лидерот на Златна зора и десетината високи партиски членови и пратеници, неколку стотици поддржувачи на партијата се собраа пред полициската станица во знак на протест.
Партијата на својата веб страница протестот го најави во знак на солидарност со нејзиниот лидер Николаос Михалолиакос.
Грчкиот премиер Андонис Самарас ја отфрли можноста за предвремени избори по апсењето на лидерот на Златна зора.
Златна Зора се товари и за инцидентите со Македонците
Според обвинителството уапсените може да се соочат со обвиненија за убиство, напад, бомбашки напади, изнуди и перење на пари.
Лидерот на Златна зора, нејзиниот портпарол, двајца пратеници други членови на партијата беа уапсени под обвинение за создавање криминална организација.