Published: Tuesday, November 5, 2013 19:28
Протестот на глувите продолжува доцна вечерва пред домот за хуманитарни активности„ Даре Џамбаз“. Тие ќе останат до полноќ како знак на револт, против претседателот на Сојузот на глуви Васко Марков кој не сака да си поднесе оставка.
-Протестот ќе продолжи утре изутина од седум часот и ќе трае се додека Марков не биде сменет, бидејќи своеволно не си заминува велат глувите, кои се собраа од цела Македонија .
Тие тврдат дека Васко Марков не се грижи за нивните интереси, не им обезбедува толкувачи, ги потценува, навредува, а со нивните пари се шетал во странство.
Марков беше повикан да се појави на протестот, но не се појави бидејќи заминал во Кочани за да се погрижи околу печатењето на промотивен материјал за јубилејот на Сојузот.




