Демонстрантите пред малку одлучија да тргнат кон Собранието како што тоа го сторија и во претходните два дена на протест.
Демонстрантите беа спречени да протестираат и пред Министерството за внатрешни работи и пред зградата во која живее Никола Груевски. И таму ги пречека кордон специјална полиција која не ги пушташе да поминат ниту луѓето кои живеат во близина на таа зграда ниту пак оние кои беа одеа во блиската болница.
Можеа да се слушнат извици „Пуштете не, сакаме да пријавиме убиство“ , алудирајќи на убиството на Мартин Нешковски.
Толпата првично беше спречена да се приближи и да протестира пред Владата, по што се упатија кон МВР, поздравувајќи ги средношколците пред МОН.
Дел од средношколците се приклучија кон протестот на граѓаните и извикуваа „Николче диктаторче“.




