Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протестот за Тамара резултира со две оставки, се бара одговорност и од Тодоров

0
By Менче Атанасова Точи on February 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 24, 2015 14:52


Излезете министре и понесете одговорност. Едното дете ми го земавте друго чека на потпис за лекување! Со овие зборови мајката на Тамара, Жаклина Димовска му с е обрати на министерот Никола Тодоров во моментот кога колоната од илјадници граѓани застана пред Министерството за здравство. Таа беше на чело на колоната граѓани кои беа дојдени на мирниот протести и заеднички побараа оставка од министерот Тодоров и сите инволвирани во смртта на Тамара. Колоната од граѓани застана пред министеровгото каде и со едно минутно молчење и одаде почит на Тамара.

Потоа од звучниците се слушнаа симулации од кои се слушаше ритамот на отчукување на срцето. Во очите на многу граѓани граѓани, новинари, студентите можеше да се забележат солзи во очите.

„Да не излезеше со твојата скандалозна изјава дека вие како Министерство за здравство ќе ги покриете сите трошоци за лекувањето на Тамара, досега таа ќе беше излечена со помош на хуманите луѓе, му порача мајката на Тамара, Жаклина Димовска, на министерот за здравство Никола Тодоров.
 
– Каде ја испративте? На вечно почивалиште – рече во својот емотивен говор мајката Жаклина. 

Граѓаните извикуваа „Убијци“ , „Сите сме Тамара“ „Нема правда нема мир“„Одете си“. Во рацете држеа транспаренти „ Само монтруми калкулираат со човечки животи“, „За вакво здравство не плаќаме“, „Ја убивте Тамара“, „Парите ги трошите за бронза и мртви идоли“

Вработените од министерството за здравство протестот го гледаат од прозорците, а немаше празен прозорец ниту во спротивната зграда каде што се сместени Институтите. Пред Министерството за здравство имаше засилено полициско обезбедување.

„Вие сте виновни, вие и вашите комисии. Вие ја потпишавте смртната пресуда за Тамара“, рече мајката Жаклина. По ова граѓаните почнаа да го пеат омилениот рефрен од песната на Тамара „ Ангел си ти“ од Тоше Проевски. Потоа ги спуштија трнаспарентите на земја и ги фрлија црвените картони за Тодоров.

Претходно, протестот под мотото „Црвен картон за министерот Тодоров”, тргна од пред зградата на скопскиот Фондот за здравство, со барање за оставки на директорите Маја Парнаџиева Змејкова и Џемали Мехази, како одговорни поради не навремено реагирање за испраќање на Тамара на лекување во странство. Таму учесниците во протестот ја разбраа веста дека Парнаџиева Змејкова поднела оставка.

Граѓаните повикуваа на оставки и на лекарите во комисиите кои решавале за барањето на родителите на девојчето, а во рацете држеа црвени картони.

Говор одржа новинарот Огнен Јаневски кој беше директно вклучен во собирање на донации за лекување на Тамара, а кои беа прекинати бидејќи министерот вети дека лично ќе се заложи за нејзино лекување.

Од оваа локација протестниот марш тргна кон државниот Фонд здравство каде говор одржа Здравко Савевски кој рече дека Македонија има најслабо здравство во Европа. Колоната од граѓани кои се движеа кон министерството за здравство извлекоа солзи од очите на многу граѓани по улиците на Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.