Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протетстен марш на сточарите поради ненавремена исплата на субвенциите

0
By Нова ТВ on October 26, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на сточари „Агроцентар“ од Велес, поддржано од други земјоделски здруженија, организира протестен марш во Скопје.

Маршот почна околу 12:30 часот од „Мавровка“, по што со шест трактори напред и транспаренти насобраните се упатија до Владата. Освен сточари, на него присуствуваат и овоштари, лозари, тутунари,…

Како што изјави за МИА претседателот на „Агроцентар“, Митко Јанков, протестот нема никаква политичка позадина и поради тоа, не треба да се злоупотребува за какви било политички или партиски цели.

-Протестот се одржува поради глувоста на Владата за сточарите и нема никаква политичка позадина. Од една страна, нашите барања искажани во декември лани се само делумно исполнети, а од друга, субвенциите не се исплаќаат навреме, туку повторно, пред избори. Доста ни е веќе од таква политика, независно кој е на власт, рече Јанков.

Одгледувачите на овци минатата година во декември на мирен протест пред Министерството за земјоделство побараа 1.500 денари субвенција за грло овца, 1.000 денари за оставено женско јагне и 800 денари за предадени грла во кланинчен капацитет,

-Не може да се преговара цела година, а да нема резултат. И тогаш алармиравме дека јагнето ќе нема цена. Отидовме коректно со барања да ги покриеме загубите, а не да печалиме. Ни ветија ќе се разгледаат, но се оглушија. Се уште работиме со загуби. Производната цена на јагнето што ја пресмета Факултетот за земјоделски науки и храна беше 174 денари за килограм жива мера, но се откупуваше за 120 – 130 денари. И со плус обезбедените 400 денари субвенција не се достигнува производната цена. Значи, се уште сме во загуба, вели Јанков.

Тој тврди и дека некои сточари се уште ги немаат земено субвенциите за млекото од 2017 година и обвинува дека некои членови на здружението добивале закани од Министерството за земјоделство.

-Нека престанат да вртат телефони вработени во Министерството и да ги заплашуваат земјоделците. Наредниот пат ќе излеземе со имиња на тие што се јавуваат, да знаат дека не им се плашиме, рече Јанков.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски вчера на прес-конференција рече дека не гледа причина и повод земјоделците да излезат на протест, но, сепак, оцени, тоа е нивно право.

– Цело време заедно со нив ги планиравме интервентните мерки и секогаш беа информирани кога точно може да ја очекуваат исплатата, истакна Димковски и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад протестот.

протест сточари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.