Протоколот, кој е усогласен меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, да не се потпишува, бидејќи е контроверзен и ѝ овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, особено во идентитетските, во историските и во образовните прашања, укажуваат од Демократскиот сојуз (ДС), партија која е дел од широката владеачка коалиција.
„Протоколот треба што поскоро да се објави за да можат граѓаните и експертите да го разгледаат. Воедно укажуваме дека за пакетот во кој се содржани повеќе предлог документи, преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, Акционен план, годишни прегледи и протокол, треба да мине низ широка расправа, за да се слушне гласот на народот. Во текот на оваа расправа, министрите да се воздржат од закани со кривичен прогон на тие што имаат поинакви ставови, потоа со меѓуетнички тензии и сл.“, се вели во реакцијата на ДС.
Спореде партијата, договорената стратегија за широки консултации треба да се одвива во демократска атмосфера, одговорно и транспарентно.