Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проверете пред да ширите вест, интернет “врие” од погрешни информации

0
By Нова ТВ on November 14, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 14, 2015 17:56

Во текот на минатата ноќ на социјалните мрежи се појавија стотици информации поврзани со нападите во Париз. Еден добар дел од нив не беа точни.

Имаше погрешни информации и редица манипулации а некои од нив имаа за цел да предизвикаат реакција кај граѓаните и да ги наведат на погрешни заклучоци, да предизвикаат омраза против муслиманското население или бегалците.

Францускиот весник Л Монд објави текст во кој се наведуваат погрешните информации и зошто овие лаги се објавуваат објаснувајќи дека секоја информација која ќе се најде на интернет треба добро да се провери.

Така, вчера беше објавено дека четворица полицајци загинале во нападот во Батаклан. Тоа не е вистина но точно е дека еден полицаец бил ранет во Батаклан и дека еден полицаец загинал во улицата Шарон каде што исто така имаше напад. Но овие двајца полицајци биле во цивил и не учествувале во акцијата.

Синоќа многу интернет корисници тврдеа дека во Германија имало спонтана манифестација за поддршка на Франција. Беше објавена и слика. Но фактите велат дека во Германија немало никаков протест а објавената слика датира од декември 2014 година и на неа се членовите на анти-имигрантското движење Пегида.

Оваа фотографија не е сликана непосредно пред нападот во Батаклан како што можеше да се прочита на Твитер или Фејсбук синоќа.

Синоќа се прошири информација дека републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп испратил порака на Твитер во која се вели: “Интересно е дека оваа трагедија се случува токму во земјата во која има најстриктна контрола на носење оружје во светот.”

Пораката беше толку веродостојна што на неа на Твитер одговори и францускиот амбасадор во Вашингтон велејќи дека пораката е одвратна.

Порака на Трамп беше испратена во јануари годинава по нападите во Шарли Ебдо но Трамп синоќа одлучи да биде достоинствен и преку Твитер испрати порака во која се вели дека неговите молитви ги испраќа до жртвите и заложниците и побара од Бог да биде со нив.

Помеѓу останатите погрешни информации беше и таа дека Ајфеловата Кула ги изгаснала светлата и дека Емпајр Стејт зградата се обоила во трите бои на Франција.

И ова не е точно.

Гасењето на светлата на Ајфеловата Кула е дел од нејзиното нормално фукнционирање и таа ги гас светлата секоја ноќ во еден часот.

Но, во црвено-бело-сино се “облече” Фридом Тур, кулата изградена на местото на Ворлд Треј Центер кој беше урнат по нападите во САД во 2011 година.

Голема манипулација е информацијата дека во бегалскиот камп во Кале (до тунелот на Јуростар помеѓу Париз и Лондон) некој подметнал пожар. Оваа вест возбуди огромен број корисници на интернет. Некои се радуваа што и бегалците страдаат во оваа трагична ноќ во Франција но најголемиот број очајнички се обидуваа да објаснат дека бегалците не се виновни и дека и тие бегаат од тероризам.

Градоначалникот на Кале потврди дека имало пожар но тој не бил подметнат туку избил случајно по лоша манипулација на шише гас.

Конечно, на Фејсбук ноќеска се појави информација дека Ангела Меркел поднела оставка и дека сите овие настани докажуваат дека избива трета светска војна. Текстот предизвика редица коментари на уплашени корисници на интернет.

Се разбира, не треба посебен доказ за да се знае дека оваа вест не е точна. Меркел е се уште германска канцеларка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.