Македонската фудбалска репрезетнација во средината на првото полувреме израмни против Австрија (1-1), а стрелец беше најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.
По една конфузија во одбраната на Австрија и лоша реакција на голманот, топката заврши до Пандев и тој успеа да ја стресе противничката мрежа, за прв историски гол на Македонија.
За Горан Пандев ова беше 38 гол во дресот на Македонија, во 120-тиот настап во националниот тим.