Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв случај на Зика вирус во Македонија – донесен е од Малдивите

0
By Zoran Ivanov on June 20, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 20, 2026 10:07

Прв случај на Зика вирусот е регистриран во Македонија, информира Институтот за јавно здравје. Пациентот од 20. до 28. мај престојувал на Малдивите.

На  17. 06. 2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција. Пациентот е контактиран од страна на надлежен епидемиолог при што се предложени соодветни превентивни мерки, велат од ИЈЗ.

Според добиените епидемиолошките податоци заболеното лице во периодот од 20-28.05.2026 година престојувало на Малдиви. За време на престојот, пациентот дал податок за каснување од комарец. Веднаш по враќањето се јавил на преглед каде било поставено сомневање за денга.

Првите знаци на болеста се јавиле на 24.05.2026 година со треска, болки по телото-мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена да се појави и ситен, густ осип. Пациентот бил прегледан во КИБФС, а направени се и лабораториски испитувања за денга, зика и чикунгуња во Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен серолошки и молекуларен наод за зика.

Пациентот не бил хоспитализиран, пратен на домашно лекување и во моментот е во добра општа состојба.

Инкубацијата на болеста вообичаено трае 3-14 дена. Клиничката слика воглавно е лесна и се карактеризира со симптоми кои вообичаено траат 2-7 дена, иако најголем процент од инфицираните лица (окулу 80%) не развиваат симптоми. Од симптоми најчесто се јавуваат осип, покачена телесна температура, конјунктивитис, главоболка и мијалгии и артралгии.

Инфекцијата со вирусот Зика за време на бременоста може да предизвика раѓање на бебиња со микроцефалија и други конгенитални малформации, како и да предизвика предвремено породување и спонтан абортус, може да биде поврзана и со синдромот Guillain-Barré, невропатија и миелитис кај возрасни и деца, од што произлегува и јавно-здравственото значење на оваа болест. Конгенитални малформации се јавуваат и по симптоматска и по асимптоматска инфекција.

Овие симптоми се вообичаени за други арбовирусни и неарбовирусни заболувања; затоа, дијагнозата на инфекција со вирусот Зика бара лабораториска потврда.

Лекувањето на болеста е симтоматско, не постои специфичен лек ниту пак вакцина за превенција на болеста.

вирус зика комарец Малдиви
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.