Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв состанок на македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации

0
By Sashko on January 31, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 31, 2022 08:06

Министерството за финансии денеска и утре ќе биде домаќин на бугарска владина делегација предводена од министерот за иновации и раст, Даниел Лорер, кој заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими ќе копретседава со првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации.

Како што информираат од Министерството за финансии, Работната група на состанокот во Скопје ќе ги разгледа можностите за привлекување на инвестиции, на иновациските можности, за финансирање на проекти, за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, како и приоритетите за развој на регионот, области во кои може да се развиваат заеднички проекти и слично.

Пред присутните ќе бидат претставени Планот за забрзан економски раст, стратешките програми за иновации, индустриска политика и конкурентност, презентации на работата на фондовите за иновации и технолошки развој на двете земји, работата на Националниот старт-ап совет, како и програмите за работа и можностите што ги нудат развојните банки на двете земји, Извршната агенција за промоција на мали и средни претпријатија од Бугарија и Агенцијата за промоција на претприемништвото на Северна Македонија, како и програмите за рурален развој на двете земји, соопшти Министерството за финансии.

На состанокот во Скопје од македонска страна, покрај Бесими, ќе учествуваат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министрите за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, како и директорите на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов, на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, Агенцијата за странски инвестиции Беким Емини.

Во состав на бугарската делегација која ќе учествува на состанокот, покрај министерот Лорер, ќе бидат и замениците-министри за финансии и за земјоделство, Андреј Цеков и Атанас Добрев, директорите на Извршната агенција за промоција на мали и средни претпријатија и на Бугарската банка за развој, Бојко Таков и Валентин Михов, како и претставници на други институции.

Меѓувладината работна група беше формирана минатата недела во Софија за време на одржувањето на седницата на владите на двете земји, на која беа утврдени приоритетите на работа и динамиката на одржување на состаноците, согласно која ќе се состанува еднаш месечно.

Активностите на работната група ќе бидат насочени кон зајакнување и интензивирање на соработката во сферите на трговијата, инвестициите, иновациите и финансиите, заеднички настап во програмите и фондовите на ЕУ, како и на соработката со економските комори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.