Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва пресуда за дискриминација по основ на политичка припадност

1
By Нова ТВ on March 23, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Академик.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот суд Скопје 2 донесе првостепена пресуда со која се утврдува дека Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство како тужен, сторило дискриминација по основ на политичка припадност во областа на работните односи, соопштија од Македонското здружение за млади правници (МЗМП).

Со пресудата се забранува преземање на дејствија од страна на тужениот со кои се врши дискриминација, се задожува да ги преземе сите потребни дејствија со кои ќе ја отстрани сторената дискриминација и да му исплати на тужителот правичен надомест за нанесената душевна болка предизвикана поради повреда на правото на еднаков третман.

Ова воедно е прва ваква пресуда, а судската постапка е поддржана од МЗМП во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права.

Како што објаснуваат од Здружението, тужителот бил вработен во Министерството, а надвор од работното место тој бил политички активен како претседател на општински под-огранок на политичка партија и бил вклучен на листата на советници на локални избори.

Судот констатирал дека во текот на своето работење тужителот своите работни задачи ги извршувал непристрасно, објективно и за своето работење бил оценуван со ,,се истакнува,, и ,,задоволува“.

Дискриминацијата по основ на политичка припадност се случувала подолг период, во текот на 2014 и 2015 година.

Тужителот прво добил решение за распоредување на пониска позиција иако истиот исполнувал услови за повисока позиција од причина што во меѓувреме завршил високо образование. Тој повел постапка за оспорување на донесеното решение за потоа единствено тужителот од сите негови колеги биде распореден времено да ги извршува работните задачи во подрачна единица на Министерството надвор од градот во кој живее. Просториите каде што бил упатен тужителот да ги извршува работните задачи не биле соодветни за канцелариска работа и не располагале со соодветен простор.

Народниот правобранител на РМ донел заклучок дека прераспоредувањето на тужителот не е поврзано со наводно зголемениот обем на работа, туку би можело да се поведе како вознемирување на работното место и дискриминација по политичка основа.

По распоредувањето на тужителот, на неговото работно место било вработено лице со различна политичка припадност од онаа на тужителот и член на владејачката партија. Раководното лице исто така било со различна политичка определеност од тужителот.

Како што наведуваат од МЗМП, Судот го применил член 9 од Уставот на Република Македонија,  согласно кој граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите; членот 32 став 2 согласно кој секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место; одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за работни односи. За поздравување е примената на членот 14 од  Европската конвенција за заштита на човековите права (Забрана на дискриминација) и член 1 од Протокол 12 (Општа забрана за дискриминација) и повикувањето на праксата на Европскиот суд за човековите права во предметот Redfearn v. the United Kingdom (Жалба бр.47335/06) каде судот одлучувал за правата на жалителот кој претрпел нееднаков третман во поглед на неговото вработување поради неговата поврзаност со политичка партија.

 

дикриминација МЗМП политичка припадност пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.