Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва седница на техничката Влада: Шекеринска, Царовска, Османи и Дураки заменици на Спасовски

0
By Нова ТВ on January 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Северна Македонија на денешната прва редовна седница во новиот состав, на предлог на премиерот Оливер Спасовски, кој претседаваше со седницата донесе одлука за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска е определена за заменичка на претседателот на Владата. За заменичка на претседателот, задолжена за економски прашања е именувана Мила Царовска. За заменик на претседателот кој ќе биде задолжен за европски прашања е определен Бујар Османи, а Садула Дураки, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците е
именуван за заменик на претседателот.

На денешната седница се определени и портфолијата на министрите без ресор во Владата на Северна Македонија. Министерот Роберт Поповски е задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Едмонд Адеми е министер задолжен за дијаспора, Музафер Бајрам е министер задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Зорица Апостолска е министеркa без ресор задолжена за странски инвестиции, Бардул Даути е министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан е министер без ресор задолжен за странски инвестиции и Хисен Џемаили е министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

За Генерален секретар на Владата на Северна Македонија е именуван Драги Рашковски, а за негов заменик Таки Хани. На предлог на Претседателот на Владата на Северна Македонија Оливер
Спасовски, на денешната седница се именувани претседателите и членовите на основните комисии на Владата на Република Северна Македонија.

За претседателка на Комисијата за економски систем и тековна економска политика е именувана Мила Царовска, за претседателка на Комисијата за политички систем – Радмила Шекеринска, а за претседател на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој – Бујар Османи.

Оливер Спасовски седница Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.