Паузата поради репрезентативни настапи ја донесе и првата тренерска жртва во Серија А. Лоренцо Д’Ана доби отказ на позицијата тренер во Киево, а причините се повеќе од јасни. Популарните „летечки магариња“ од Верона влегоа во првенството со минус пет бода и сè уште се под нулата во исчекување на првата победа.
Италијанските медиуми пишуваат дека најсериозен кандидат за негов наследник е Џузепе Бепе Јакини, поранешен тренер на Сампдорија, на Сиена, на Палермо, на Сасуоло, но и на тимот од предградието на Верона што го предводеше во сезоната 2007/08.