Една жена загина, а 370 луѓе се евакуирани од Кладово заради поплавите кои поради обилните дождови ја зафатиле оваа општина во Србија, јавува “B92”.
Непроодни се сите патни правци кои водат кон Кладово,а водата е навлезена и во помошните простории на Хидроелектраната „Ѓердап 2“ и постои опaсност за прекин на нејзината работа
Вонредна сосотојба е прогласена на целата територија на Кладово, Мајданпек и Неготин Краина а уништена е и Ѓердапската магистрала.
Кладово веќе два дена е отсечено од светот, откако надојдената вода урнала два моста од планината Мироч, кои водат кон градот.