Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првата тура дислокација на линдан од ОХИС на 3 мај

0
By Соња Крамарска on April 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првите количини на линдан од малата депонија во ОХИС ќе бидат извезени на 3 мај, порачаа од Министерството за животна средина при денешната посета во кругот на поранешниот хемиски гигант. Станува збор за 450 тони линдан и 150 тони на контаминирана почва. Транспортот ќе оди преку пристаништето во Солун, до крајната дестинација во Франција.

Работите во малата депонија во ОХИС почнаа во средината на март и според проектната динамика треба да завршат за 12 месеци. Она што било, можеби, изненадување досега при ископот е живата која е лоцирана на неколку места.

„Задоволни сме во секој случај од текот на работите. Досега се исчистени 450 тони чист отпад ХЦХ или народски кажано линдан и околу 150 контаминирана почва која ниско концентрирана. Во неколку точки се пронајдени колични на жива, земени се примероци и анализите потврдија присуство на жива. Количините се различни, но водиме сметка тоа да е во согласност со критериумите и барањата со капацитетите кои ќе го примат отпадот за уништување“, вели Сузана Андонова од Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (ПОПС) при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во малата депонија во ОХИС, според податоците на Министерството за животна средина од лани, има вкупно 6.661 тони отпад од кои 1.601 тони се ХЦХ, 4.060 тони контаминирана почва и 1.000 тони контаминиран бетон.

„Првите количини за извоз се предвидени за 3 мај, а сиот овој отпад се планира да се пакува во буриња овие денови кои ќе бидат сместени во седум контејнери. Целата количина не може одеднаш да биде транспортирана, затоа што самата постројка која што го третира овој отпад, односно акцелераторот во Франција, има лимитирачки количини кои што може да ги прими на месечно ниво. Затоа отстранување на отпадот ќе оди сукцесивно, дел по дел“, изјави Александар Мицковски од ПОПС.

Депонијата е покриена со шатор и во внатрешноста се поставени филтри за прочистување на воздухот, за што, како што наведуваат од Министерството кое беше домаќин денес на посетата на неколку новинари на отровната депонија, од страна на изведувачот на работите грчката компанија „Полиеко“ се запазени сите критериуми за заштита при работа, но и за животната околина.

„Преку малата депонија е подигнат шатор и во него е инсталиран негативен притисок. Атмосферскиот притисок е поголем од тој во шаторот, така што сите оние емисии кои што генерираат при ископувањето внатре во шаторот, не може да излезат надвор и да ја афектираат околината. Успешноста на овој систем е потврдена со редовните мониторинзи што се прават на амбиентниот воздух“, додаде Мицковски.

Постапката за дислокација на линданот е финансирана од Глобалниот еколошки фонд, македонската Влада, Кралството Норвешка и делегацијата на Европската Унија во земјава.

Сашко Димовски

дикслокација Линдан Охис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.