Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Први ќе влеземе во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on November 23, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 23, 2025 17:32

Можеби власта и нивните гласачи искрено веруваат дека скоро сите реформи се направени, испорачани, но во исто време убедени се дека залудно е сето тоа, затоа што Бугарија е единствениот кочничар за нашите успеси и подвизи да бидат верификувани во ЕУ.

Биљана Секуловска

Со многу прашања не се согласувам со премиерот Мицкоски, но кога станува збор за барањето на судиите за зголемување на нивните плати, тој е потполно во право. Според неговите пресметки, ако ги следи нивните фантазии, претседател на суд во Македонија би зел 8 просечни плати, а судија или обвинител би зел 3,5 просечни плати.

Безобразно големи плати не подразбираат автоматски, ниту гарантираат независност, професионалност, транспарентност, непристрасност, да бидат подложени и обврзани на одговорност судиите, обвинителите, пратениците, министрите, директорите, функционерите, предложени и бирани од власта.

Но, она што Мицкоски го има како задача е да го реформира правосудството, да ги впрегне сите надлежни институции да започнат веќе еднаш транспарентна проверка на финансиската состојба на судиите и обвинителите, а паралелно да се спроведуваат и контроли на  нивната досегашна и сегашна работа. Сеопфатна повторна евалуација на сите судии и обвинители е единственото решение за длабоки реформи во судството. Сериозна проверка на нивните финансии, но и на семејствата , на професионалните перформанси и интегритетот.

На тој начин ќе се спроведе отстранување на оние кои не можат да го оправдаат своето богатство или судски и други одлуки. Проверката е болна, но секако ефикасна,  таму каде што корупцијата е длабока и системска, a најдобар пример за тоа се досегашните реформи во пост-комунистичките земји, кои подоцна стануваат членки на ЕУ. Повисоките плати на судиите и обвинителите тешко дека би го намалиле поттикот за поткуп, доколку не се комбинираат со строг надзор од страна на сите финансиски и други институции кои се во рацете на Мицкоски.

Тој сега има апсолутна моќ, што подразбира апсолутна одговорност и апсолутни резултати, инаку секако дека би се претворила таквата власт во апсолутна корупција.

Неговите вчерашни изјави на самитот во Тирана наречен „Нашиот пат кон ЕУ“ можеби го фасцинираат гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, дека први ќе стигнеме на целта, во ЕУ, од другите земји на Западен Балкан, затоа што вели дека ние како држава ќе бидеме компетитивни, согласно испораката, реформите кои се прават од страна на власта. Можеби власта и нивните гласачи искрено веруваат дека скоро сите реформи се направени, испорачани, но во исто време убедени се дека залудно е сето тоа, затоа што Бугарија е единствениот кочничар за нашите успеси и подвизи да бидат верификувани во ЕУ.

Но, доколку е навистина така, никогаш нема да ни стане јасно зошто сме една од најсиромашните, најнеобразованите држави во Европа, на топ-листите на загаденост, корупција која убива секојдневно, првенци во смртност на доенчиња, распаднато здравство и школство, заглавени до гуша со ѓубре и канализации во калливите буништа низ истата таа држава. Несомнено, ова се вистинските резултати од досегашните реформи на власта, и затоа и први ќе влеземе во ЕУ од сите останати земји на Западен Балкан,  како што презадоволно и пресреќно соопштува премиерот.

Текстот е сопственост на 25 минути.мк

 

Биљана Секуловска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

ВЕСТИ May 20, 2026

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот…

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.