Граѓаните на Турција денеска првпат директно гласаа за претседател на земјата. Ердоган важи за јасен фаворит. Според анкетите, 60-годишниот премиер и лидер на исламско-конзервативната партија АКП може да се надева на апсолутно мнознство веќе на првиот круг од гласањето.
По преброени 99% од гласовите, Ердоган освоил тесно апсолутно мнозинство од 51,5% од гласовите, со што сепак го помина потребниот праг од 50% плус еден глас за победа во првиот круг.
Неговите противкандидати освоиле далеку помалку – опозицискиот кандидат Екмеледин Ихсаноглу добил 38,9%, а курдскиот кандидат Селахатин Демирташ – 9,5% од гласовите.
Критичарите на Ердоган стравуваат дека во случај на негова победа, тој и натаму ќе ги проширува своите ингеренции и дека ќе продолжи со исламизација на земјата.
Во случај на победа на Ердоган се очекува поставување насоки за воведување претседателски систем во Турција, што ќе значи повеќе моќ и овластувања за претседателот. Ердоган како една од своите главни цели го наведе донесувањето нов Устав.