Published: Sunday, April 21, 2019 20:08
Државната изборна комисија на веб страницата започна со објавување на првичните неофицијални резултати. Во моментов она што е прикажано на интерактивната карта е дека кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски води со 45,5- отсто од гласовите, пред кандидатката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со 41,28%. Блерим Река има 11,76 отсто. Ова се податоци од обработени 410.677 гласачи. Неважечки засега се 4,07 отсто односно 16.714 ливчиња.
Резултатите од изборачките места пристигнуваат постојано и соодностот меѓу кандидатите се менува. До ово момент не се пристигнати целосни резултати од ниту една општина, туку се обработуваат само оние кои се пристигнати од избирачки места од различни општини.
Резултатите можете да ги следите на следниот линк.




