НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првично закрепнување на авиособраќајот, до крајот на годинава четири нови дестинации од Скопје

0
By НОВА ТВ on October 24, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во првите девет месеци од годинава на македонските аеродроми се превезени за 57 проценти повеќе патници во однос на истиот период од 2020, односно за 52 проценти помалку  споредено со првите три квартали  од 2019 година. Првите знаци на закрепнување на авиосообраќајот по значителниот пад поради ковид пандемијата се забележани по омасовувањето на вакцинацијата против Ковид-19, во втората половина од јуни и јули, сè до средината на август. Стабилизација на секторот и среднорочно и долгорочно закрепнување, како што оценуваат од ТАВ Македонија, операторот со македонските аеродроми, ќе има кога условите за влез во различни земји кои се поврзани со Ковид-19 ќе се изедначат за сите државјани на сите држави.

Од најавите на авиокомпаниите досега, знаеме дека ќе имаме четири нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје до крајот на 2021 година, вели за МИА, Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија, во пресрет на воведувањето на зимскиот ред на летање.

Зимскиот распоред на летови ќе почне на крајот од овој месец, во моментов, како што наведува Батак, е во подготовки и наскоро ќе бидеме во можност да кажеме до точно колку дестинации ќе се лета од скопскиот аеродром од крајот на октомври годинава до крајот на март следната 2022 година.

Летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, на пазарот влегува и „Изиџет“  

– Три нови дестинации ќе воведе Виз ер во декември, од Скопје до Болоња, Торино и Билунд. Една нова дестинација, од Женева до Скопје, ќе биде отворена од Изиџет, британската нискобуџетна авиокомпанија, која со отворањето на оваа рута на почетокот на ноември 2021 година практично првпат ќе влезе на македонскиот пазар. Заедно со наведените наведените нови дестинации на Виз ер од Скопје, во декември 2021, унгарската нискобуџетна авиокомпанија ќе отвори и нова авиолинија од охридскиот аеродром до германскиот град Фридрихсхафен, информира Батак.

Најголемиот дел од откажаните авиолинии со почетокот на пандемијата во 2020 година беа вратени на распоредот на летање по повторното отворање на двата аеродроми во јули 2020 година, и потоа во 2021 година. Сепак некои од дестинациите, како Доха со Катар ервејс и Дубаи со Флај Дубаи, што беа опслужувани од Скопје пред пандемијата, сè уште не се вратени.

-И покрај тоа што сме среде пандемија, оваа година отворивме две нови авиолинии, односно две нови дестинации од Меѓународниот aеродром Скопје кон Русија – Москва и Санкт Петербург. Ова е прв пат пат после 20 години, Скопје и Македонија да бидат директно поврзани со Русија по воздушен пат. Овие авиолинии имаат голем потенцијал и ние се надеваме дека авиосообраќајот на овие рути ќе се развива и натаму, изјави Батак.

Доколку имаат потреба да патуваат со авион, како што вели, луѓето не се двоумат. Тие ги преземаат неопходните здравствени и безбедносни мерки и патуваат и од туристички и од економски причини.

-Единствената пречка за патувањата со авион се различните рестрикции наметнати од различни земји поради Ковид-19, коишто се менуваат често и го усложнуваат целиот процес на авионско патување, за патниците, но исто така и за играчите во авијацијата – аеродромите и авиокомпаниите. Кога различните рестрикции поради Ковид-19 ќе се укинат од страна на различни земји, или кога условите за влез во различни земји кои се поврзани со Ковид-19 ќе се изедначат за сите државјани на сите држави, тогаш ќе ја видиме стабилизацијата во авијацискиот сектор и тогаш можеме да очекуваме среднорочно и долгорочно закрепнување на авиосообраќајот, посочува Батак.

Се почитуваат протоколите на аеродромите,  апел патниците да пристигнуваат три часа пред полетување

Генералниот директор на ТАВ Македонија вели дека патниците ги следат правилата за заштита од Ковид-19 воведени од ТАВ Македонија, на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.

Од почетокот на пандемијата имаше две промени на заштитните мерки. Првата промена почнавме да ја применуваме од јули 2020, кога повторно ги отворивме двата аеродрома после 3,5 месеци, период во кој беа затворени. Тогаш воведовме нов протокол за управување со аеродромите во услови на пандемија, за кој навремено ги информиравме јавноста и патниците, објаснувајќи им ги здравствените и санитарните мерки за движење низ аеродромските згради. Дополнително, постојано ги потсетувавме патниците на овие мерки, преку сите наши комуникациски канали, како и преку нови знаци и информативни табли и друг вид на визуелни известувања во терминалните згради и нивната околина. Патниците ги усвоија ваквите мерки и генерално ги следеа, вели Батак.

Од 19-ти август оваа година, потсетува, со цел да бидеме во склад со Одлуката на Влада од 17-ти август 2021, ТАВ Македонија воведе нови правила за влез во терминалните згради на двата аеродрома, согласно кои патниците можат да влегуваат само со вакцинален сертификат или сертификат кој покажува дека прележале Ковид-19, или пак медицински доказ дека се негативни на Ковид-19 (ПЦР-тест или брз антигенски тест). Повторно, ја информиравме јавноста за оваа промена и поставивме нови знаци пред и во терминалите. Така што, патниците ги следат овие правила, тие се навикнаа на нив, особено затоа што истите важат речиси за сите затворени објекти во земјава, согласно Одлуката на Владата.

Сепак, посочува, има сфера во која би сакале да видиме подобрување, од аспект на практицирањето на условите за патување наметнати од Ковид-19, а таа е поврзана со навременото пристигнување на патниците на нашите шалтери за регистрација.

– Уште еднаш, сакаме да ја потсетиме јавноста и сите патници, дека шалтерите за регистрација на патници и багаж отвораат три часа пред полетување, а затвораат еден час пред полетување. Имајќи предвид дека за време на процесот на регистрација, ние како аеродромски оператор сме обврзани да им ги провериме патните документи, кои се многубројни како резултат на рестрикциите од странските земји поради Ковид-19, апелираме до патниците да пристигнуваат на аеродромот три до четири часа пред полетување, односно три часа пред полетување да приоѓаат кон шалтерите за регистрација, кога тие практично ќе се отворат, со цел да го избегнат ризикот да го пропуштат својот лет, изјави Батак.

Иако правилата за влез  во странските земји не се во доменот на работењето на ТАВ Македонија, како аеродромски оператор, сепак, секогаш ги потсетуваат патниците да ги проверуваат сите последни, односно најнови барања поврзани со Ковид-19 од странските земји кон коишто планираат да летаат.

– Им нагласуваме на патниците дека треба да ги направат овие проверки пред да ги купат авионските билети и повторно да ги направат пред да се упатат кон аеродромите, и тоа со амбасадата на земјата која е нивна крајна дестинација и со авиокомпанијата од која ги купиле авионските карти.

Рестрикциите за патување од различни земји, поврзани со Ковид-19, се менуваат многу често, некогаш прекуноќ. Како аеродромски оператор и покрај тоа што ние не сме телото кое ги поставува овие правила, ние сме обврзани да ги следиме, и тоа го правиме преку најновите инструкции кои ги добиваме од авиокомпаниите и од државите/граничните власти на земјите кадешто патниците патуваат, порачува Батак.

Од јануари до септември превезени 994 237 патници, реализирани 11 203 лета

Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите девет месеци од годинава, односно во периодот јануари-септември, двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 994 237 патници, што е 57-процентно зголемување во однос на истиот период од 2020. Во исто време, вкупниот број на патници за првите девет месеци од годинава е намален за 52 проценти, споредено со истиот период од 2019 година, која  се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи до почетокот на пандемијата бележеа постојан пораст на патничкиот сообраќај.

– Како што вакцинацијата од Ковид-19 стана масовна во светски рамки и почна во земјава годинава, така и ние ги видовме првите знаци на закрепнување на авиосообраќајот, особено во втората половина од јуни и јули, сè до средината на август, кога ЕУ/Шенген државите ги кренаа рестрикциите за македонските државјани, бидејќи со малиот број на заразени од Ковид-19 Македонија во тој период беше во т.н. зелена зона/листа на држави. Потоа повторно, од втората половина на август, како што бројките на заразени со Ковид-19 почнаа да растат, така ЕУ\Шенген државите ги вратија на сила рестрикциите за македонските државјани. Тие забрани се различни во секоја земја и сите видови на административни барања кои одат со рестрикциите, се менуваат често, информира Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

На двата аеродрома  во периодот јануари-септември годинава се реализирани 11.203 лета, што претставува 61 процент зголемување споредено со истиот период од 2020 година, но е за 34 проценти помалку споредено со истиот период во 2019 година.

авиосообраќај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.