Откако пред 13 дена хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ беше подложен на операција на очниот капак, за пвр пат синоќа се појави во јавност.
Тој бил присутен на отворање на изложба на Ликовното наследтво на семејството Пејаќевиќ во Уметничкиот салон.
Од друга страна јавноста се уште ја очекува оценката на Комисијата за судирот на интереси за ангажманот на познатиот германски пластичен хирург д-р Миломир Нинковиќ кој како пријател на Јосиповиќ ја изведе операцијата на терет на Хрватскиот фонд за здравство во Клиничкиот центар Ребро во Загреб.