Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првомајски марш на ССМ – се бара нов закон за работни односи по примерот на европските

0
By Нова ТВ on May 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска организираше протестен марш кој тргна од пред зградата на Синдикатот, преку Собранието до Владата каде претставници на Синдикатот имаа средба со премиерот Зоран Заев.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски кажа дека ССМ треба активно да бидат вклучени во  креирањето на новиот Закон за работни односи во насока на негово прилагодување на европското и светското трудово законодавство.

„ Евроатлантските интеграции на Работно-правното законодавство во државата не смеат да резултираат со рестрикции на работничките права. Напротив Синдикатот очекува нивното унапредување и осовременување со крајна цел обезбедување достоинството на трудот на работникот, рече Димовски.

ССМ понудиле текст на нов закон за работни односи и очекуваат текстот да биде сериозно разгледан од нивните социјални партнери. Тие се залагаат за поголеми инвестиции, подобри економски политики и обезбедување на правото за работа за сите, креирање реални и одржливи работни места, повеќе работни места за жените, младите и лицата со попреченост, сигурност на работните места и договори за вработување на неопределено време.

Меѓу барањата е и минимална плата од најмалку 13.800 денари, стабилен пензиски систем – стоп за зголемување на границата за пензионирање, зголемување на испратнините при отказ од деловни причини на 12 плати, право на регрес за годишен одмор за сите вработени.

Синдикалците денеска упатија и барање за еднаквост и рамноправност на жените, стоп за мобинг и дискриминација, заштита на мајчинството и зголемување на правото на породилно отсуство на 12 месеци, како и воведување на правото на татковство.

– Први мај – Меѓународниот ден на трудот ќе го искористиме за уште еднаш да ги изразиме нашите ставови и барања во врска со работничките права за кои сметаме и тврдиме дека им припаѓаат на работниците затоа што се работи за основни и најзначајни човекови права заштитени со националниот Устав и со законите, но и со европските и меѓународните стандарди на трудот, се наведува во прогласот што го прочита Димовски. Додаде дека остро го осудуваат секој обид да бидат ставени на маргините на општеството и да се одлучува за нивната положба и права без нивно учество.

Маршот ССМ секоја година традиционално го организира за да го одбележи Меѓународниот ден на трудот, а оваа година се одржа под мотото „Не може да се ослучува за нас, без нас“.

Први мај протест ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.