Владата на денешната седница донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници- напиша на својот Фејсбук профил, премиерот Оливер Спасовски
Имено, 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден.
За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.
Спасовски додава дека сите други мерки донесени од Владата на Република Северна Македонија остануваат во сила- а кои се однесуваат на заштита од Ковид-19.




