Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пуч“ одложен за 3.мај, СЈО побара сведокот Груевски да се појави на суд

0
By Влатко Чаловски on March 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 2, 2016 11:12


Рочиштето за случајот „Пуч“ е одложено за 3.мај, откако Специјалното јавно обвинителство пред судот потенцираше дека тие сметаат дека нема услови за отпочнување на расправата.

Специјалната обвинителка рече дека тие не бараат одложување, туку нема услови за воведните обраќања бидејќи поканети се само Специјалното обвинителство и одбраната, но не и сведокот, за кој Јанева рече дека е и оштетен во случајот, и иако не беше објавено неговото име во судницата, се работи за екс-премиерот Никола Груевски.

Специјалното јавно обвинителство најави и жалба до Апелационен суд откако Основниот суд 1 одби да и предаде копии од списите кои се водат како докази со образложение дека тие се класифицирани.

Таа се сомнева дека судот не поседува сертификат за класифицирани информации којшто е потребен во овој случај, при што побара да и бидат презентирни сертификатите доколку судот ги поседува.

Судското решение и жалбата ги побара и одбраната меѓутоа судијата одби да им ги достави.

Веднаш по денешното кратко соочување во судницата, изјава за медиумите даде лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е четвртиот обвинет во случајот, кој рече поради ваквото постапување на судот, меѓународната заедница апелира на реформи.

– Никаде во светот не постои суд којшто избегнува, одолговлекува и не сака да утврди правда. Ете зошто сениорската група на Прибе сугерираше Поглавје 23 и 24, реформи во правосудството. Еве зошто во договорот од Пржино стои реформи во правосудството. Ова го нема никаде во светот, освен најверојатно во Северна Кореjа. Затоа што под изговор на класифицирани информации, судот којшто не поседува сертификат за класифицирани информации, не го доставува предметот на Специјалното Јавно Обвинителство. Истотот Специјално Јавно Обвинителство коешто поседува сертификат за класифицирани информации, рече Заев кој дополни дека ова се право со цел медиумите да го претставуваат пред судовите непосредно пред изборите.

Во „Пуч“ се обвинети лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Зоран Верушевски и неговата сопруга, како и порaнешниот вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски, потоа Звонко Костовски, вработен во МВР, како и Бранко Палифров вработен во општина Струмица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.