Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пучдемонт сам дојде во белгиската полиција и беше лишен од слобода

0
By Нова ТВ on November 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Карлес Пучдемонт денес дојде во белгиската полиција”, изјави Жил Дежемеп, портпарол на бриселското обвинтелство.

“Петте лица што ги бара Шпанија дојдоа сами во судската полиција во Брисел и беа лишени од слобода”, прецизираше портпаролот.

Петте лица, придружени од нивните адвокати, ќе бидат сослушани денес. Обвинтелството случајот ќе го прати на истражен судија како што предвидува процедурата.

Истражниот судија ќе одлучи дали треба да го активира европскиот налог за апсење во наредните 24 часа односно пред 9.17 минути во понеделник.

“Бевме во постојан контајт со адвокатите на петте лица и беше договорено тие да дојдат во федералната полиција. Тие тоа го сторија како што беше договорено”, додаде портпаролот.

Со Пучдемонт дојдоа Мериџел Серет, екс министер за земјоделство, Антони Комин, екс министер за здравство, Луис Пуч, екс министер за култура и Клара Понсати, екс министер за образование.

Според белгискиот закон одлуката за извршување на европскиот налог треба да биде донесена во рок од 60 дена по апсењето. Потоа има рок за жалби и целата процедура може да трае 3 месеци, потсети белгиското Министерство за правда.

Според Ан Вејенберг, претседателка на Институтот за европски студии на Бриселскиот слободен унверзитет, белгиските судски власти можат да одбијат да го предадат Пучдемонт на шпанските власти:

“Белгиските судски власти можат да одбијат да го предадат Пучдемонт доколку оценат дека има јасен и сериозен ризик дека неговите фундаментални права ќе бидат нарушени и доколку белгиските судски власти сметаат дека престапот за којшто Шпанија го бара не е престап во белгиското право”, вели таа за агенцијата АФП.

Според повеќе изјави на адвокати со кои разговарала агенцијата АФП, одбивањето да се предаде обвинетиот на државата што го бара се ретки.

Шпански судија ги обвини Пучдемонт и неговите министри за “бунт, непослушност и финансиски малверзации”. Но, бунтот и непослушноста не постојат во белгиската правна рамка па оттука “одлуката зависи од интерпретацијата на законот на белгискиот судија кој треба да се изјасни дали ќе го изврши европскиот налог”, додава гѓа Вејенберг.

 

Тука , тука и тука прочитајте повеќе за каталонската криза.

европски налог за апсење Карлес Пучдемонт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.