Лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ тешко е повреден во вооружен напад утрово околу 8.15 ласот во Косовска Митровица, јави телевизијата Н1.
Според информациите од српските медиуми, косовската полиција само потврдила дека тој е пренесен во болница, но нема повеќе информации.
Наводно, кон Ивановиќ било пукано додека влегувал во просториите на неговата партија. Според косовските медиуми, во Ивановиќ било пукано со 4 куршуми.
Според РТС Ивановиќ е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Блиц објави дека Ивановиќ бил пренесен во болница и дека починал.
Оваа информација засега не е официјално потврдена.