Вонредна вест: медиумски извештаи за пукотница во Морнаричкиот комплекс.
Објектот се наоѓа во Вашингтон, на само два километра од зградата на Конгресот.
Американската морнарица соопшти дека десетина лица се повредени во пукотница во нејзиниот комплекс во главниот град Вашингтон, јавува Глас на Америка на македонски јазик.
Според медиумските извештаи, утрово било забележано лице кое отоворило оган во Командниот штаб за морнарички системи. Според Морнарицата, имало три истрели. Медиумите јавуваат дека меѓу повредените е и еден полицаец.
Властите во моментов трагаат по напаѓачот.
Белата куќа соопшти дека претседателот Обама бил известен за ситуацијата. Морнаричкиот комплекс се наоѓа на два километра од зградата на Конгресот. Во Командниот штаб за морнарички системи работат околу 3.000 лица. Командата е надлежна за инженерство, изградба, набавка и одржување на бродови, подморници и борбени системи.