Час и половина утрово во Липковскиот регион имало интензивно пукање, во близина на селата Ваксинце и Лојане.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека нема полициска акција, ниту имаат пријава дека нешто во регинот се случува.
Неофицијално, поради почеток на ловна сезона кумановски ловџии поканиле гости од Србија, Грција и Бугарија и утринава заминале на лов при што интензивно час и половина пукале со огнено оружје.
Пукотниците утринава ги вознемирија жителите на регионот, а социјалните мрежи експлодираа со коментари за тоа што точно се случува во Липково.
Како што коментираат граѓаните, во овој регион во текот на летната сезона не стивнуваат пукотниците и од семејни прослави, а секој истрел создава паника кај населението за кое се уште е свежа полициската акција во кумановската населба Диво Насеље.




