Членките на бендот Пуси Рајт и активистки на организацијата Гринпис денеска се помилувани со указ на претседателот на Русија Владимир Путин, јавува агенцијата Итар-тас, додека барањето за помилување на рускиот тајкун Михаил Кодоровски е одбиено.
Помилувањето е дел од прославата за 20-годишниот јубилеј од првиот демократски устав на Русија кој беше донесен на 12 декември 1993 година.
Одлуката на Путин сега треба да ја потврди Думата, а активистките и членки на Пуси Рајт би требало да бидат ослободени најдоцна на пролет во 2014 година, јавуваат руските медиуми.
Надежда Толокоњикова, Марија Аљохина и Екатерина Самуцевич беа осудени на две години затвор во 2012 година за „хулиганство поттикнато со верска омраза“, поради изведување ма „панк молитвата“ против Путин во храмот на Христос Спасителот во Москва.
Во меѓувреме Екатерина Самуцевич е ослободена, јавува Kontrapress.