Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин го претстави планот за решавање на кризата во Украина

0
By Нова ТВ on September 5, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на РФ Владимир Путин го објави својот план од седум точки за прекин на крвопролевањето на југоистокот на Украина. Како што претпоставуваат руските политиколози, претседателите на Русија и Украина можеа да постигнат определен дипломатски напредок за време на директните телефонски разговори, сепак, да се очекува мир истиов момент е прерано, затоа што на многу политички сили им е потребно продолжение на конфликтот, јавува Руска реч.

Путин повика „да се прекинат активните офанзивни операции на вооружените сили, паравоените формации на југоистокот на Украина во правец на Донецк и Луганск“.
Како втор составен дел за мирно решавање претседателот го наведе „повлекувањето на вооружените единици на безбедносните сили на Украина на растојание кое исклучува можност за гранатирање на населени места со артилерија и сите видови системи за плотунски оган“.

Шефот на Русија повикува „да се предвиди извршување на целосна и објективна меѓународна контрола за почитување на условите за прекин на огнот и мониторинг на ситуацијата настаната на тој начин во безбедносната зона“. Исто така, за решавање на ситуацијата во Украина потребно е „да се исклучи примена на борбена авијација против цивилното население и населените места во зоната на конфликтот“.

Како што забележа претседателот, потребно е „да се организира размена на присилно уапсени лица според формулата „сите за сите” без какви било претходни услови“ и „да се отворат хуманитарни коридори за движење на бегалците и доставка на хуманитарна помош на истокот на Украина“.

Путин исто така го повика официјален Киев да испрати на југоисток екипи за поправка на разрушените инфраструктурни социјални и комунални објекти.
„Конечниот договор (за решавање на ситуацијата), сметам, меѓу властите на Киев и југоистокот на Украина би можеле да бидат постигнати во текот на планираната средба на контакт-групата на 5 септември оваа година“, изјави тој.

„Во планот на Путин го нема најважното, а тоа се имено условите под кои страните ќе се договараат. Освен тоа, ми се чини дека преговорите од ваков тип можат да се водат или меѓу Киев и сепаратистите, или меѓу Москва и Вашингтон како страни кои им нудат политичка поддршка на спротивставените страни“, изјави за „Руска реч на македонски“ професорот на Академијата за воени науки, вишиот научен соработник на „ПИР-центарот“ Вадим Козјулин.

Како што забележа тој, Путин ги предложи најсуштествените работи кои се блиски до позициите кои треба да се разгледуваат во иднина. „Без оглед на сè, позицијата на претседателот може да се смета како почетна точка во решавањето на украинската криза. Ова е многу сериозен политички предлог и можност за сегашните киевски власти достојно да излезат од ситуацијата во која самите се доведоа“, додаде Козјулин.

Експертот додаде дека ова е реална можност да се изнесе конфликтот од виорот кој се заканува да излезе надвор од границите на Украина.

„Во врска со тоа дека цивилната заштита на Новорусија сега води активни офанзивни дејствија, особено што ослободува села, градови, територии, а киевските трупи трпат пораз; така се создаде ситуација кога е можен прекин на офанзивните борбени дејства и обнова на политичкиот дијалог“, изјави за „Руска реч на македонски“ претседателот на Меѓународниот центар за геополитичка анализа Леонид Ивашов.

Како што забележа тој, претставниците на самопрогласените републики ја сменија својата реторика и бараат висок статус на автономија место признавање на независноста од страна на Киев. „Подготвеноста сега, при имањето висок статус на автономија, да се остане во составот на Украина се првите сериозни отстапки од страна на Новорусија. Но, не можам да кажам дека брзо ќе биде постигнат напредок. И Киев ќе предложи сопствен план, а во суштина – ултиматум, но тоа е веќе последователен политички процес. Сега треба да се организира преживување на населението во настанатите услови и да се запрат убиствата“, смета експертот.

Ивашов исто така подвлече дека Русија е трета страна во конфликтот и не ја игра онаа улога во решавањето на внатрешните недоразбирања во Украина која ѝ ја препишуваат меѓународните медиуми.

„Треба да се договараат само две страни: Новорусија и Киев. Исто така, треба да се сфати дека Порошенко засега сè уште не управува со земјата во целост: тој може да контролира само одделни процеси.

Постојат сили кои би сакале продолжение на војната. Сега се во тек големи испораки на остатоци од советската техника и муниција од поранешните земји на Варшавскиот пакт; во тек се обиди да се пополни и стави армијата во функција. И штом во Киев ќе ја почувствуваат својата воена надмоќ, мислам дека повторно ќе почнат да се обновуваат борбените дејства“, рече аналитичарот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.