Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше телефонски со папата Лав XIV, соопшти прес-службата на Кремљ.
Рускиот претседател Владимир Путин и папата Лав XIV остварија телефонски разговор. Владимир Путин уште еднаш му честиташе на папата за неговиот избор и му посака успех во исполнувањето на толку важна мисија“, се наведува во соопштението.
Иако нема дополнителни детали за нивниот разговор, новиот папа неодамна јавно проговори за војната во Украина.
Во еден од неговите први поздрави до италијанските аџии, тој рече дека неговите мисли често се насочени кон „украинскиот народ погоден од нови сериозни напади врз цивили и инфраструктура“.