Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Америка како и нејзините сојузници да не преземаат еднострани дејствија во Сирија, јавува Би-Би-Си.
Тој рече дека каква било воена акција без одобрение на ОН ќе биде “агресија”.
Американскиот претседател Барак Обама повика на казнени напади како одговор на наводниот напад со хемиско оружје.
Путин рече дека Русија не ја отфрла поддршката за резолуцијата на Советот за безбедност на ОН , ако се докаже дека сириската влада “несомнено” користела хемиско оружје.