Рускиот претседател Владимир Путин повика на економска соработка меѓу Русија и Западот, и покрај меѓусебното воведување на санкции на двете страни.
Тој официјално го најави почетокот на заедничкиот руско-американски проект за експлоатација на нафта во Карското море на Арктикот, кој би требало да трае до октомври.
„Можеме едни на други да си честитаме за ваквиот проект и подготвени сме да ја прошириме соработката со нашите партнери“, рече Путин, чиј говор од Сочи беше емитуван по пат на видео конференциска врска.
Тој рече дека прагматизмот и „здравиот разум“ треба да бидат појаки од политичките тешкотии во овој момент.
Руските власти соопштија дека руско-американскиот проект не е загрозен со санкциите кои Запад неодамна ги воведе кон Русија. Новите економски санкции кон Русија ги воведоа САД и ЕУ поради наводно мешање на Москва во украинската криза.
Русија за возврат воведе забрана за увоз на речиси сите прехранбени производи од западните земји.