Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работат општински проекти и донираат за Јакимовски

0
By Нова ТВ on June 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 25, 2013 14:06


Покрај администрацијата на општина Карпош, како донатори во кампањата на Стевче Јакимовски се јавуваат и архитектите Игор Василевски и Вангел Караиванов, и двајцата дел од многу идејни решенија за градби и реконструкции во општината. Исто така, нивните имиња фигурираат и на ФБ страницата „Креативен тим на општина Карпош“.

Во разговор со НОВА градоначалникот Стевче Јакимовски на прашањето дали е точно дека архитектите чии идејни решенија победуваат на конкурси во општината со која тој раководи се јавуваат и како донатори, тој вчера по извесен молк на телефонската линија кусо и отсечно одговори дека „нема такво нешто“.

Архитекотот Игор Василевски, пак во разговор со НОВА прво потврди дека е донатор во кампањата, потоа се предомисли па рече дека не е донатор, за на крај во СМС порака да ја откаже закажаната средба и да пише дека нема обврска да одговори.

Игор Василевски и Вангел Караиванов се автори на идејните решенија на новиот плоштад во Карпош помеѓу краците на Влае1, Влае 2 и Порта Влае, потоа на реконструкцијата на плоштадот кај Млечен ресторан, реконструкција на згради и фасади во општината, идеи за пепелници и слично. За кампањата на Јакимовски и двајцата донирале по 25.000 денари.

Во видеото кое е дел од овој текст можете да ја погледнете анимацијата која е постирана на групата „Креативен тим на општина Карпош“ каде и тие се водат како дел од тимот, а содржината на видеото се однесува на плановите за градби и реконструкции на општина Карпош до 2019 година.

Освен имињата на двајцата архитекти, на списокот на донатори се јавуваат речиси сите раководители од општина Карпош, секратарот на општината, како и други вработени на други позиции. Раководителите вчера потврдија дека донирале средства за општината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.