Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работата на Анкетната комисија за прислушувањето запна уште на првиот ден

0
By Нова ТВ on November 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 24, 2015 17:06


Анкетната комисија формирана за скандалот со прислушувањето запна со работата уште на првата седница одржана денеска. Пратениците од владејачката партија кои се членови на Комисијата обвинија дека предлог текстот за Деловникот на работење не го добиле на своите е- маил адреси и дел од нив не знаеле дека до денеска треба да се произнесат доколку имаат забелешки.

-Предлог-Деловникот е доставен без кој било член на Комисијата да биде консултиран, пред да се одржи оваа седница. Сметаме дека е многу подобро доколку вие како претседател на Комисијата претходно најдовте за сходно да направите неформални консултации со пратеничките групи за да можеме да имаме усогласен настап и да можеме веќе кога ќе одржиме седница да бидеме поблиску до остварување на целта, рече пратеникот Антонио Милошески – член на Анкетната Комисија.

Милошоски посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има сериозен интерес да се дознае кој прислушкувал, во кој временски период, дали имал овластувања, во кој обем, зошто ги нарушил човековите права и во чиј интерес тоа го направил.

Претседателот на Комисијата Петре Шилегов тврди дека текстот од Деловникот за работа е испратен на е-маил адреси на членовите уште пред 5 дена и ваквите настапи на членовите ги нарече несериозни и обиди да се опструира работата на Комисијата уште на самиот почеток.

-Жал ми е што морам да констатирам дека за мене ова што се случува денеска не е неочекувано сценарио,ова е едно од сценаријата кои ги калкулирав како полоши за почнување на работата на Анкетната Комисија. До денешен ден ниту на е-маил адресата, ниту до мене лично од вас не ми беше доставена никаква забелешка, уште повеќе што дента кога е пратена ова е-маил адреса во попладневните часови ви беше испратена и официјалната покана. Дали ќе сте одговориле во рок од 5 дена или не, ние сме тука секојдневно заедно. Ниту од кој било од вас до денешен ден не примив никаква ниту усна ниту писмена забелешка за содржината на текстот на Предлог- Деловникот за работа. Ова е несериозен пристап кон работата, рече Петре Шилегов, претседател на Комисијата.

Пратениците од владејачката партија побараа кординација за носење на овој Деловник пред тој да биде усвоен и најдоа забелешка и на тоа што претседателот има можност двапати да гласа доколку се случи по одредено прашање да има изедначен број на гласови.

-Правото на претседателот да гласа последен во случај на поделени гласови и начинот на кој ќе гласа претседателот да биде условно мнозинство на одлуката на Комисијата е меѓународен стандард, предвиден и во словачкиот парламент и не е никаков исклучок и е со цел да не ја доведеме Комисијата да биде заложник на бројка на определена пратеничка група, одговори Шилегов.

Независната пратеничка Роза Топузовска, која потврди дека електронската порака ја примила навреме, истакна дека Комисијата мора да дефинира минимум членови со кои би можело да се одржуваат седници, да се дефинира времето на излагачите и репликите за нив, да се дефинира точно до кој датум Комисијата заклучно ќе работи и во кое определено време ќе се испитуваат сведоците и ќе има излагања на експерти.

Според членот на Комисијата Томислав Тунтев од СДСМ ова е ад-хок комисија која треба да го расветли скандалот со прислушкувањето и дека членовите наместо да го одолговлекуваат почетокот на работата, треба да гледаат што поскоро Комисијата да почне со работа.

По два часа дискусија околу начинот на кој би требало да се испрати Деловникот, членовите на Комисјата се договорија седницата да ја продолжат во четврток, а утре по еден претставник од секоја пратеничка група и независните пратеници да ги достават забелешките кои што ги имаат.

Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето е формирана согласна Договор од Пржино. Составена е од 16 члена, од кои најголемиот дел, односно осум се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ, двајца членови од ДУИ и по еден од ДПА и независен пратеник. Комисијата ќе има право на посета во Управата за безбедност и контраразузнавање на која ќе може да поканат и експерти.

Нејзиниот извештај наместо во ноември, ќе се усвои до крајот на јануари поради пробивањето на роковите од Договорот во Пржино.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Канада и Кина се согласија за меѓусебно намалување на царините

January 16, 2026

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026
ФОКУС
January 16, 2026

Српски државјанин главен во даночната афера тешка 4,8 милиони евра – уапсени се 20 лица по информации од АНБ

ВЕСТИ January 16, 2026

Вкупно 20 вработени во Управата за јавни приходи, меѓу кои и раководители во Регионалната дирекција…

Ноќеска европски земји испратија војници во Гренланд

January 15, 2026

Данскиот министер за надворешни работи на состанок во Белата куќа: „Имаме фундаментални несогласувања околу судбината на Гренланд“

January 14, 2026

Заврши тричасовната лидерската средба и реши – ништо

January 14, 2026
ТИКЕР

Канада и Кина се согласија за меѓусебно намалување на царините

January 16, 2026

Тешка сообраќајна несреќа во Словенија – горат возила

January 15, 2026

Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата

January 15, 2026

Протести во Бугарија поради сомнежи за иборни нерегуларности

January 15, 2026

Пожар во ресторан во главниот шпански град предизвикан од прскалки – нема повредени

January 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.