Published: Tuesday, October 22, 2013 08:19
Работната група за проверка на Избирачкиот список денеска ќе одржи работен состанок на кој ќе присуствува и експертот од ОБСЕ Џон Арон.
Според дневниот ред на седницата, Арон ќе даде објаснување за целта на неговиот ангажман во врска со изработка на методологија за проверка на Избирачкиот список, јавува МИА.
На седницата ќе биде презентирана и Информација во врска со текот на процесот на обработка на податоците на Избирачкиот список од страна на Државниот завод за статистика за тековното годишно ажурирање согласно со Изборниот законик.




