Р.Џ. (55) од Скопје, вработен во градежна фирма „ВАМ Инжинеринг“ ДООЕЛ, при изведување градежни работи на улицата „Мирче Оровчанец“ во станбена зграда, паднал и починал на самото место.
Како што соопшти МВР, немилиот настан се случил вчера попладне.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР – Скопје, а по наредба на Јавен Обвинител, телото е дадено на обдукција.