Фото:Мета
Во Клубот на пратеници веќе пет часа трае состанокот на работните групи на партиските преставници на четирите најголеми партии во државата.
Зад затворени врати седнаа Никола Димитров и Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Цветанка Илиева и Дамјан Манчевски од СДСМ, Муса Џафери и Артан Груби ја преставуваат ДУИ, а од ДПА е присутен Имер Алиу.
На преговорите кои се одвиваат зад затворени врати се дискутира за прочистувањето на избирачкиот список, измените на изборниот законик, гласањето на дијаспората, а не е исклучена можноста да се зборува и за новиот состав на ДИК.
Како олеснувач во преговорите присутен е белгискиот европратеник Питер Ван Хојте. За време на паузата преставниците на партиите имале средба со амбасадорите на САД и ЕУ, на која било побарано поголема ангажираност на обврските од договорот од 15 јули.
Не се знае до кога ќе трае средбата и дали по завршувањето ќе има изјави за медиумите.




