Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on June 5, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 5, 2026 14:32

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев рече дека неговата земја е подготвена да им помогне на „браќата од Северна Македонија“.

Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ, изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ- Западен Балкан кој се одржува во црногорскиот град Тиват.
„Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија.

Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Потребно е да го направат само овој чекор за да се отвори вратата за преговарачкиот процес“, рече Радев.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати критики кон процесот на проширување на Европската Унија.
„Ако веќе 13 години не сме примиле нови членки, тоа покажува дека пропустите не се само кај кандидатите, туку и на страната на Европската Унија“, изјави Мерц пред средбата во Тиват.

„Европската Унија мора да покаже дека е способна и подготвена за проширување“, додаде тој. Мерц нагласи дека е „охрабрен од разговорите утринава“, но истовремено предупреди дека „пред нас е уште голем дел од патот“. Сепак, оцени дека задачата е „изводлива“. Според него, некои земји членки „веќе се подготвени“, особено земјата домаќин Црна Гора.

Франција и Германија, еден ден пред самитот во Тиват, пласираа документ во кој повикаа на „нов импулс“ за процесот на проширување на ЕУ. Со цел да се постигне „вистински европска унија“, потребно е да се обезбедат „дополнителни поттикнувачи во рамките на процес на постепена интеграција базирана на заслуги“, се наведува во документот.

Како конкретна мерка се предлага земјите кандидати, уште пред формалното членство, под одредени услови да добијат целосен пристап до европскиот внатрешен пазар.

Од владини кругови се посочува дека целта е да се поедностави „претерано формализираната и бирократска процедура“ и да се забрза процесот на пристапни преговори. Во суштина, предлогот предвидува „пристап базиран на заслуги и постепена интеграција“.

 

Мерц Радев Тиват
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.