На реномираното радио „Џез ФМ“, кое зрачи од 1998 година, му се заканува згаснување.
Причина се финансиските проблеми, а за да се спаси, на 27 јуни под отворено небо во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се организира концерт. Билети за настанот нема да се наплаќаат, но секој посетител ќе може да му помогне на радиото со тоа што ќе донира средства.
На листата изведувачи се најавени: џез-гитаристот Тони Kитановски и Анета Kачуркова, перкусионистот Оскар Салас, тапанарот Александар Секуловски и вокалистката Амалиа Бараона, како и бендовите „Летечки пекинезери“, „Д свингерс“ и „Kабадајас“.