Операторот на оштетената нукалеарна електрана Фукушима соопшти денеска дека околу 300 тони контаминирана вода се излеала од резервоарот, кој е дизајниран со цел да ја задржува контаминираната вода.
Јапонската администрација за нуклеарна енергија го оквалификува овој случај како инцидент од прво ниво, изјави портпаролот на агенцијата.
Ова е прв пат Јапонија да ја објави официјалната проценка за инцидент во Фокушима откако три реактори се оштетија во земјотресот и цунамито во 2011 година.
Токиската електродистрибуција „Тепко“, која управува со електраната, се обидува да го запре протекувањето. Компанијата беше критикувата и обвинувана дека го прикрива размерот на проблемите во овој објект.