Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радмила Шеќеринска на ФБ за спорот со името

0
By Нова ТВ on January 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 10, 2014 13:10

По средбите на Заев и Шеќеринска со Филе во Брисел, во домашната јавност претставници на владеачките структруи истапија со критика на сметка на СДСМ за тоа дека оваа опозициска партија истапила во Брисел со предлог за решавање на спорот. На овие коментари преку својот ФБ профил се огласи Радмила Шеќеринска. Во продолжение ја пренесуваме интегрално содржината на најзината реакција.

СДСМ, ниту било која друга партија, освен владејачката не учествува во преговорите околу разрешувањето на спорот со Грција. Согласно тоа, ниту можеме, ниту треба да лицитираме со предлози кои влијаат на процесот. За жал во Македонија, единствените луѓе кои знаат што се преговара на тема на овој чуствителна спор се само оние кои работат на Илинденска, тоа е Премиерот и тоа се луѓето околу него.

И навистина е смешно да се види луѓето кои преговараат и го држат целиот процес комплетно затворен за македонската јавност (ниту вие, ниту јас, ниту македонските граѓани знаат за што се дебатира и кој е македонскиот став) и сега тие да ни држат лекции дека некој друг позади нивен грб преговара. Тоа е апсолутна лага. Апсолутно е неточно дека влеговме во било кој детал од преговарачкиот процес. Затоа што едноставно ниту тоа го очекува Европската Комисија, ниту тоа можеме да го направиме.

Во Македонија не слушнавме ниту збор кажан од првите луѓе во власта за тоа до каде е преговарачкиот процес. Ако во Македонија власта продолжи да продуцира лоши вести, како што тоа го прави изминатава цела година, ниту еден супер комесар нема да може да ни го спаси членството во ЕУ. И тоа ние не можеме како опозиција да го бараме и очекуваме од Филе или било кој друг. Меѓутоа, факт е дека не ни треба ЕУ да дигне раце од Македонија.

Напротив, ние лобиравме ЕУ повеќе да се ангажира и повеќе да и помогне на нашата држава. Мислам дека тоа ја нервира власта. Бидејќи власта очигледно сака и Македонија да ја втера во ќор сокак и во изолација. И затоа сакаат и опозицијата да функционира во изолација. Затоа се нервозни, затоа што ние ја одбиваме таквата политика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026
ФОКУС
March 5, 2026Updated:March 5, 2026

Преживеан во кочанската трагедија се откажа од кривично гонење на обезбедувањето

ВЕСТИ March 5, 2026

Преживеан и повреден во пожарот во „Пулс“, Кристијан Китанов се најде во непријатна ситуација кога…

„Магичната флејта на Вулфи“  на Тина Иванова во Македонската филхармонија

March 5, 2026

Денеска ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека – ќе се сослушуваат сведоци од обвинителство

March 5, 2026

НАТО пресретнал иранска балистичка ракета што летала кон турција

March 4, 2026
ТИКЕР

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.