Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радоје Церовиќ, Подгорица: Опасност од враќање на основните поставки

0
By Нова ТВ on February 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 28, 2021 10:16

Пандемиската закана радикално ги промени нашите животи и произведе бран на хроничен стрес и несигурност, а со тоа и зголемување на психолошкото и емоционалното страдање.

Очекувано е стресот, а особено овој хроничниот, од кој не можеме туку-така да побегнеме, користејќи природни инстинкти на „борба или бегство“, да ја нарушува секоја ментална и емоционална рамнотежа. А, Хомо Сапиенс е, според основните поставки, насилен, хиерархиски и многу ирационален вид. Просоцијалните тенденции, емпатијата, прифаќањето на разлики и слични достигнувањата се однесуваат на мирни периоди и економски и епидемиолошки стабилни услови. А тие се присутни од неодамна и во многу ограничените географски рамки на развиениот свет.

Што можеме да очекуваме? Ќе истакнам неколку помалку очигледни импликации, иако во игра се многу процеси и фактори, а предвидувањата се неблагодарен занает.

  1. Процут на теориите на заговор

Не случајно теориите на заговор експлодираа и достигнаа незамисливи нивоа на бизарност и глупост, како Q Anon. Колку и да се радикални и апсурдни, тие претставуваат еден вид смирувачка димензија за оние кои се познавачи на „тајно знаење“. Се остава впечаток дека, во општата несигурност, „иницираните“ сепак ќе се снајдат подобро од оние другите кои не се запознаени со „тајните вистини“ и кои одбиваат да ги „отворат очите“. Следбениците во оваа ситуација имаат две придобивки – меѓусебно поврзување во рамноправни и блиски групи во кои се чувствува заштита и безбедност, но и чувство дека поседуваат тајни што ќе ги „спасат“ во клучниот момент или барем ќе им помогнат да знаат што да направат.

Покрај тоа, трендот на социјален и економски раст на нееднаквоста ја зајакнува паранојата и недовербата, па оттука и зголемениот степен на прифаќање на теориите на заговор.

  1. Подем на ксенофобијата и на национализмот

Ксенофобијата е делумно инстинктивен одбранбен механизам против различноста. Се одржувал низ вековите затоа што имал своја биолошка намена. Ксенофобијата е бихевиорален имунитет, односно еден од системите за заштита од инфекции кои доаѓаат од далеку, па затоа се непознати за нашиот имунолошки систем. Природно изолираните заедници, како што се Пацифичките острови, покажаа екстремна отвореност и високо ниво на доверба во контактот со европските колонизатори. Нивните инстинктивни и културни обрасци не се наместени на страв и недоверба кон странците. А во густо населената Европа, ксенофобијата го намалувала контактот со патогени непознати за имунитетот на локалната заедница. Затоа, еволутивната психологија претпоставува дека глобалните инфекции може да доведат до големо зголемување на ксенофобијата, расизмот, национализмот, верската и културната дискриминација и омразата.

Јасно е дека станува збор за анахронистички инстинкти, автоматски дејства што го изгубиле значењето, што се протнуваат низ вековите на човечката еволутивна историја и доведуваат до ирационално однесување, идентитетски и верски конфликти, а во најлош случај би можеле да доведат до геноцид…

  1. Враќање на религиозните учења и антисексуалниот морализам

Сегашната состојба е мешавина од страв од вируси, имотна несигурност, економска и социјална нееднаквост. Тука е и стравот од имиграција, односно мешање на заедници и културни системи. Сето ова е погодно за зајакнување на инстинктивната потреба да се идентификуваме со религиозен или национален идентитет (чувството за поврзаност со кое се бориме против стравот). Стресот доведува до поедноставено и магиско размислување, оддалечување од науката и од секуларизмот и наклонетост кон таканаречените „ескатолошки“ религиозни учења, т.е. оние кои се занимаваат со предвидувања за крајот на светот.

Рестриктивниот став кон која било форма на хедонизам, а особено кон сексуалноста, е уште еден очекуван ефект. Намалувањето на сексуалната активност не произлегува само од намалениот социјален контакт, туку и како резултат на зголемувањето на антихедонистичкото и моралистичкото размислување. Се претпочита потрага по жртвен јарец, односно виновник за неволјите, но и саможртва и аскетизам.

За разлика од Западна Европа, големо прашање е дали овој атавистички систем на размислување и инстинктивно делување, потпомогнат од стресот, некогаш вистински го напуштил нашиот регион.

За сето ова да не изгледа како апокалиптично сценарио, забележувам дека постпандемиските периоди низ историјата биле периоди на голем напредок и благосостојба. Пандемиите доведуваа до драстично опаѓање на реалните и перцепираните социјални разлики и затоа ги ослободуваа демократските и креативни потенцијали на општеството. Не сме сигурни дека ќе се случи такво нешто, но секако ќе присуствуваме на единствен психо-социјален експеримент.

 

Радое Церовиќ е психолог и комуниколог, деловен консултант, коавтор на книгата „La nuova cultura aziendale“ (Франко Ангели, Милано, 2007), TEDx говорник. Блог за еволутивна психологија и невронаука на medium.com/@radoje.cerovic

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.