Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раѓеновиќ-Јовановиќ: Законот за градење се донесе без знаењето на архитектите

0
By Влатко Чаловски on January 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 28, 2014 16:17


Законот за градење се донесе без архитектите. Никогаш не сме консултирани или инволвирани, професијата не се почитува, а ниту волјата на граѓаните и компетентноста на професионалците, вели во реакција за НОВА, претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ откако неодамна директорот на ГТЦ најави дека без законско попречување, Градскиот трговски центар ќе почне да се реконструира на лето.

Според наведените информации, изведбениот проект според идејното решение на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов се подготвува, а за неколку месеци ќе се распише и тендер за избор на изведувач.

На бројните опонирања за „облекување“ на ГТЦ во барок стил, покрај граѓаните кои потпишуваа петиции во јуни минатата година, и ААМ организираше низа настани под мотото „Го сакам ГТЦ“, каде што волјата на народот беше да се зачува Градскиот трговски центар во сегашната негова форма.

Поддршка за пораките од граѓаните даде и градоначалникот Жерновски кој и самиот присуствуваше на настаните, а според неговата изјава дадена во октомври, рече дека нема да издаде градежна дозвола за доградување и менување на фасадата на ГТЦ. Минатата година Советот на општина Центар не ги изгласа измените на Деталните урбанистички планови во општината, меѓу кои беше и ДУП-от Мал Ринг.

>> Павловска: Измените во Законот за градење го узурпираат правото на граѓанинот

Но според изменувањата и дополнувањата на Законот за градење и тоа може да се смени.

– Дефинитивно не се почитува петицијата, страшно е што не се почитува волјата на граѓаните, но уште пострашно е што не се почитува знаењето на професионалците, не се почитува компетентноста, вели Раѓеновиќ-Јовановиќ.

Според неа, со одлуката советите на општините да одлучуваат за доградба, надградба и реконструкции на објекти во закон влегува законско непочитување на професионалноста, надополнувајќи дека Асоцијацијата на архитекти поднела барање до Комората на овластени архитекти и инжинери да застане во нивна одбрана и да го спречи законот.

За последните случувања со изменувањата на Законот за градење и најавите дека објектот во главниот град од лето влегува во делот на барокни објекти, таа ги опиша како „тоа е исто да за дијагнози за болните одлучува еден совет на општина а не лекари“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.