Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раката на Шеќеринска

13
By Биљана Секуловска on May 5, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 5, 2018 09:18

Зошто амбасадорот во Вашингтон, Васко Наумовски воопшто би ја сретнал министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, за време на нејзината официјална посета на Пентагон?

Кому тоа би служело? Чија рака мора да остане во воздух додека се пружа? Што му е нему Шеќеринска? И воопшто, оваа земја?

Него го плаќаат граѓаните на оваа земја, но, за што, ве молам, за што точно? Да се среќава со непријателите? Со што заслужила Шеќеринска тој да ја поздрави?

Му го одзела друштвото, а тоа е најмилото, власта на ВМРО-ДПМНЕ, ги обзнанила нивните криминали, корупцијата, тортурите, го соголила Груевски, го втурнала во судските клупи, немал време да ја поднамести дури ни вратоврската, а следува ново судење, нови сведоци, нов ден, кој не е ни почеток, кому крајот му се ближи.

Зошто во такви околности Васко Наумовски би се тревожел за сопственото присуство, зарем не е погласно неговото отсуство. Зарем се не кажува, дека тој не сака, не може, не смее, сака да го снема од Земјинава топка, да не знае, да не биде тука, да не биде секако таму.

Сите сега се втерани во ќош- Груевски, Иванов, Јанкуловска, сега е и Наумовски, кој се не, колку уште не. Сега Наумовски самиот се пријави за сопствена истрага, со непојавувањето кај Шеќеринска.

Сега почнаа да му се накалемуваат прашања, нему испорачани, за него испечатени: Што тој воопшто работел во Вашингтон како амбасадор сиве овие години, дали има некој одговор. Кој има бенефит од тоа што тој бил и имал,  што тој навистина бил и што се имал и поседувал, што правел со сето тоа.

Кому навистина му служел, за кои цели, за чии цел, под какви услови, за чија агенда, политика, на кои луѓе и на кои начини сето тоа го правел, има ли друга земја што е замешана.

Инструкцијата од Скопје а можеби и од некој друг град е добиена- тој не смее да покаже дека е запишан во книгата на постоење. Шеќеринска таа книга не ја познава, барем досега никој и не знаел за такви списи.

Во таквите табаци невидливите многу повеќе чинат нешта кои мора да бидат длабоко и сигурно сокриени, секако и нивниот лик, непостоечки. На нивните обриси никој не се сеќава, мора да било тоа одамна кога биле забележани, кој би ги паметел, кој би затворал очи за да се присети.

Сега, откако раката на Шеќеринска остана да лебди, сега дури неговиот лик, точните размери на физиономијата ќе бидат запаметени и заковани во меморијата. Васко Наумовски сега е впишан со особена педантност во едни други документи, поинаку обележани и испратени до сите кои мора да се заинтересирани за анализа и обработка.

Така тие приказни завршуваат- кога ќе си потпишете самите пресуда, како Наумовски, после не е ни веќе важно кој е начинот да завршите. Начини има многу, а крајот е ист, нималку елегантен, како што тоа обично бива.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.