Иако во поголемиот дел од натпреварот Македонија беше подобриот противник ремизиравме со Чешка, 24-24.
Неколкупати имавме водство од три гола, но Чешка успеваше да се врати во игра, а на крајот и двете селекции испуштија шанса за победа.
Го видовме најдраматичниот натпревар во досегашниот тек на Европското првенство и првиот нерешен исход. Сепак, овој нерешен резултат не носи поблиску до пласманот во следната фаза, бидејки на Чешка до крајот на групната фаза и остана фаворитот, селекцијата на Данска, а ние играме со Австрија.
Доколку Данска ја совлада Чешка, што е сосема очекуван епилог, тогаш ние би се пласираме и со нерешен резултат против Австрија, а во некои пресметки дури и со помал пораз. Секако, најдобрата варијанта е да ја совладаме Австрија и да пренесеме два бода во наредната фаза.
Вистински лидер беше вечерва нашиот капитен Кире Лазаров, кој постигна дури 12 гола. Денеска немавме вистинска поддршка од голманот Ристовски, чии 6 одбрани се прескромни во однос на 21 на Штохл.




