Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама е загрижен од ултимативните тонови на сојузниците кон Косово

0
By Ана Василевска on June 8, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека е загрижен од ултимативните тонови на сојузниците кон Косово.

На прес-конференцијата за ситуацијата на северот на Косово, на прашањето зошто сега ја чувствува оваа загриженост, Рама рече дека е „загрижен поради последните ултимативни тонови на сојузниците за Косово“, кои според него „може да донесат непроценливи последици“. Тој го спомена и зголемувањето на бројот на војници во Косово, што, според него, значи намалување на суверените капацитети.

„Многу сум загрижен поради драматичното опаѓање на Косово во очите на сојузниците и ултимативните тонови на сојузниците, што може да има непроценливи последици во многу аспекти, почнувајќи од последиците од зголемувањето на бројот на војници во Косово што значи намалување на суверените капацитети на Косово. Или тоа значи губење на Косово во смисла на губење шанса за целосно интегрирање на Северот во неговиот институционален живот“, рече Рама.

Како што јави државната агенција АТА, тој оцени дека „тоа би било страшна работа од гледна точка на нашите интереси“.

„Поради тоа многу сум загрижен, не за она за што другите се вознемируваат, ниту за она што се прокламира како закани за Косово. Од 1999 година, Косово не е под никаква закана. Нема никаква закана за Косово. Заканата единственио е во главите на политичарите во Косово и тоа е само начин да се направи внатрешна политика користејќи ја сенката на закана која не постои“, додаде Рама.

Тој истакна дека „Србија го изгубила Косово во 1999 година и оти нема сила да допре во Косово ниту прамен од коса“.

„Секој што ја гледа сцената без изборни интереси во Србија или во Косово, го знае ова“, додаде Рама.

Албин Курти Еди Рама САД и ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.