Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.
Остануваат уште 5 поглавја и сакаме да ги отвориме во текот на оваа година, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Албанија денес отвори уште четири поглавја од преговорите за членство во Европската Унија.
Рама објави фото албум од денешната меѓувладина конференција каде што беше отворено групното поглавје за „Зелената агенда и одржливиот развој“, како и од состаноците во Брисел, притоа опишувајќи го брзиот напредок на овој процес како апсолутен рекорд.