Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раната менопауза го зголемува ризикот од срцева слабост

0
By Нова ТВ on May 23, 2017 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражувањата откриваат дека жените кои порано влегуваат во менопауза се подложни на поголем ризик да бидат хоспитализирани поради срцева слабост.

Студијата спроведена во САД открива дека на жените кои во својот живот не родиле, двојно им е зголемен ризикот од честото заболување познато како дијастолна срцева слабост, во споредба со жените кои имаат деца.

Авторите велат дека новата студија ја истакнува важноста при набљудувањето на тоа како факторите, како што се бременост и репродуктивниот период, се поврзани со кардиоваскуларното здравје. „Тоа се всушност факторите кои можат да влијаат врз ризикот од кардиоваскуларните заболувања кај жените, вклучувајќи ја и конгестивната срцева слабост,“ вели Ниша Парики, ко-авторка на истражувањето од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско.

Пишувајќи за Журнал на Амерканскиот Колеџ за Кардиологија, Парики и нејзините колеги од 7 американски институции го опишуваат начинот на кој анализирале податоци од 28.516 жени за да ја истражат врската помеѓу срцевата слабост и различните репродуктивни фактори.

Податоците биле собирани преку американската студија позната како Здравствена иницијатива за жените, започната помеѓу 1993 и 1998, со просечна возраст кај жените од 62 години. Просечната возраст при менопаузата изнесувала 47 години, и во наредните 13 години здравјето кај жените било набљудувано. Во целост, 1.494 од учесничките биле хоспитализирани поради срцева слабост.

Откако се земале во предвид фактори како  возраста, нивото на образование, пушење, индекс на телесни маснотии, употреба на орална контрацепција и др., тимот на истражувачи дошол до заклучок дека раната меноупауза , – а со тоа намалениот репродуктивен период, е поврзана со зголемен ризик од срцева слабост.

За секоја една година подоцна на влегување во менопауза, тимот открил дека за 1% се намалува ризикот од срцева слабост. Понатамошни анализи покажале дека ова е поврзано со начинот на почетокот на менопаузата, односно дали истиот е дојден по природен пат или како резултат од хирушки интервенции.

Додека студијата не ги истражува причините кои стојат позади ваквата поврзаност, авторите забележуваат дека според претходни истражувања зголемениот ризик од кардиоваскуларни заболувања со рана менопауза може, делумно, да е поврзан со пониската  животна изложеност на сексуалните хормони како што е естрогенот.

Последната студија покажала дека жените кои не родиле се за 2.75 пати поизложени да доживеат дијстолна срцева слабост отколку оние кои родиле.

Иако истражувачите не пронашле знак дека неплодноста е причина за зголемениот ризик, сепак Парики вели дека поврзаноста не треба да се исклучи. Состојби како синдром на полицистични јајници кои можат да доведат до неплодност се истотака поврзани со зголемениот ризик од кардиоваскуларни заболувања. Сепак е непознато дали жените кои се соочиле со неплодност примале  неуспешна терапија за плодност. Но, додава Парики, и многу други фактори можеби придонесуваат кон ваквата поврзаност.

„Можеби се тоа фактори управувани од начинот на живот, секако дека можеме да претпоставиме дека и фактори како депресијата можат да влијаат кај некои жени“, вели Парики. „Се разбира, многу жени и бираат да не забременат, и во таквите случаеви не можеме точно да знаеме.“

Тимот забележува дека студијата не го истражувала влијанието на компликациите при бременоста врз ризикот од срцева слабост, како што се пре-еклампсија и зголемен крвен  притисок поради бременост.  

Парики се надева дека оваа студија ќе ја подигне свеста за поврзаноста помеѓу репродуктивните фактори и кардиоваскуларните заболувања, и додава дека докторите мораат да ги имаат во предвид истите кога се работи за ризик од срцева слабост кај жените.

Проф. Метин Авкиран, помошник-директор на Британската фондација за срце топло ја поздравил студијата.

„Веќе сме запознаени со фактот дека раната менопауза може да доведе до зголемен ризик од развивање на други форми на кардиоваскуларни заболувања кај личноста, најверојатно поради намалениот период на изложеност на сексуалниот хормон естроген“ вели тој. „Сега, оваа студија открива дека раната менопауза може истотака да е поврзана со зголемен ризик од развивање на срцева слабост.“

Но Авкиран нагласува дека сеуште не е доволно разјаснето како естрогенот го штити срцето. „Хормонската заменска терапија не секогаш покажува дека го намалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања кај жените во пост-менопауза, така да жените кои размислуваат за ваквата терапија задолжително треба да се консултираат со своите доктори за потенцијалните придобивки или евентуални ризици од истата“, вели тој.

Хенри Бордман од кардиоваскуларниот истражувачки центар при Универзитетот во Оксфорд забележува дека оваа студија ги покажува само поврзаностите, но не и причините.

Тој истотака додава дека наодот за поврзаноста на немањето деца со зголемениот ризик од срцева слабост треба да се земе со резерва, бидејќи ваквата претпоставка е базирана врз наоди од мал број на жени и само еден тип на срцева слабост.

Иако Бордман вели дека апсолутниот ризик од срцева слабост е мал, сепак според него оваа студија потенцира дека бременоста кај жените и репродуктивното здравје се релевантни за кардиоваскуларното здравје.

„Жените кои доживуваат прерана менопауза треба да разговараат со своите лекари за тоа и за останатите можни фактори на ризик“, вели тој. „Сепак, не мислам дека жените треба временски да го планираат своето семејство врз база на тоа како бременоста може да влијае врз нивните срца.“

Извор: The Guardian

естроген инфаркт менопауза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.